Skip to content

Зошто да се направи проверка на дојките?

Ракот на дојката е најчестиот рак кај жените во Австралија.3458 

BreastScreen NSW ги поканува жените на возраст од 50 до 74 години да прават проверка на дојките на секои 2 години.  

Што е проверка на дојките? 

Проверката на дојките, исто така позната како мамограм, е рендгенска снимка на дојките. Може да открие рак мал како зрно ориз, пред да забележите промена или да почувствувате грутка. 

Price tag with a “$” symbol on it
Проверката е бесплатна
Stopwatch
Трае 20 минути 
Doctor/medical centre symbol
Не ви треба упат од лекар

Најдобро време за лекување на ракот на дојка е кога тој е сè уште многу мал. Ako ракот на дојка се открие рано, полесно може да се лекува. Повеќето жени оздравуваат и се враќаат во нормален живот.   

Жените од секое културно потекло можат да добијат рак на дојка. Може да изгледате и да се чувствувате добро, но може да имате рак на дојка без никакви симптоми (болест).   

Зошто е важна проверката на дојките? 

Infographic of seven diverse women with one circled
На една од секои седум жени во Нов Јужен Велс ќе ѝ биде дијагностициран рак на дојка. 1548
Infographic showing a woman sitting down with a cup of tea next to the figure “50+”
Повеќето жени на кои им е дијагностициран рак на дојка се постари од 50 години. 3462 
10 women icon
Повеќето жени со рак на дојката немаат семејна историја на рак на дојка. 3463 

Кога да се направи проверка 

  • На секои две години на возраст помеѓу 50 и 74 години. 
  • Не ви треба упат од лекар.  
  • Жените на возраст од 40 до 49 години и жените постари од 74 години исто така можат да направат проверка. Ве молиме прво разговарајте со вашиот лекар. 

Како да закажете проверка на дојките 

Јавете се на 13 20 50 за да закажете проверка или јавете се во Службата за писмено и усно преведување TIS interpreter symbol на 13 14 50 ако сакате помош со јазикот за да закажете проверка.   

Ако ви треба преведувач за време на вашиот закажан термин, известете ги за тоа во BreastScreen NSW кога закажувате. Семејството или пријателите не можат да преведуваат за време на вашата проверка.  

Ако сакате да дојдете со други жени да се поддржувате една со друга, можеме да направиме групна резервација.  

BreastScreen NSW има над 250 клиники и мобилни комбиња во Нов Јужен Велс.  

Донесете ги податоците за контакт на вашите лекари на вашиот преглед доколку сакате тие да добијат копија од вашите резултати. 

Вашата проверка 

  • Носете дводелна облека бидејќи ќе треба да ја соблечете облеката од половината нагоре.  
  • Не користете пудра, дезодоранси или креми на вашето тело на денот на проверката, бидејќи тие можат да влијаат на вашата рендгенска снимка. 
  • Жена радиограф (здравствен работник кој прави рендгенски снимки) ќе ве однесе во приватна соба да се соблечете. Потоа ќе ви направи рендгенска снимка на двете дојки.  
  • Рендгенските снимки се брзи. На некои жени може да им биде непријатно кога ќе се притиснат дојките. Може да поставувате прашања и да ја прекинете проверката на дојките во секое време.  
  • Ве молиме донесете ги со себе претходните рендгенски снимки на дојките, ако вашиот последен мамограм не бил со BreastScreen NSW. 

Ве молиме кажете му на нашиот персонал ако:  

  • сте бремена или доите 
  • имате импланти во дојките 
  • имате пејсмејкер 
  • имате проблем со подвижноста, грбот или рамењата. 
Development: 4.0.29-rc - merge